Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп најави енергетско примирје, Зеленски вели дека не знаел за договорот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryflle2iredo5hcvU6wBr
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украина е подготвена да прифати прекин на нападите врз енергетската инфраструктура доколку и Русија се согласила на таков договор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека најавата од американскиот претседател Доналд Трамп за примирје била новост за него.

— реклама —

„Ако Русите се согласиле на енергетско примирје, Украина ќе се согласи. Ако претседателот Трамп го договорил тоа со Путин, ве молиме кажете ни кога почнува примирјето. Подготвени сме и ќе го прифатиме“, изјави Зеленски.

— реклама —

Неговата изјава укажува дека Киев во моментот на објавата на Трамп немал целосни информации за договорот што американскиот претседател го претставил како постигнат.

Зеленски не ја отфрли можноста за примирје, туку побара јасни информации за тоа кога би почнало и под кои услови би се спроведувало.

— реклама —

Трамп го објави примирјето на социјалните мрежи, но Москва засега официјално не ги потврди деталите ниту условите на евентуалниот договор.

Не е познато ниту кога би стапил во сила прекинот на нападите врз енергетската инфраструктура, ниту кои објекти би биле опфатени со него.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

(Видео) Украинците ја искористија руската тактика против нив: Напад преку подземен гасовод

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Зеленски: Украинските ракети и дронови ќе можат да погодуваат цели уште подлабоко на руска територија

Свет | пред 1 ден

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Загина вработен во нуклеарната централа „Запорожје“ при напад со дрон

Свет | пред 1 ден

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања