Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп најавуваше мир, Блискиот Исток повторно се разбуди во пламен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library06go5cls328ccyseqYv

Додека Блискиот Исток утрово повторно е зафатен од нов бран насилство по иранските одмазднички напади врз американски цели, се доведуваат во прашање оптимистичките најави на американскиот претседател Доналд Трамп дека договор меѓу Иран и Израел е на дофат.

— реклама —

Само пред неколку дена Трамп уверуваше дека Израел и Иран „завршиле со меѓусебните препукувања“ и дека САД се во завршна фаза на „многу добар договор“ кој ќе спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Тој дури тврдеше дека Ормутскиот теснец наскоро повторно ќе биде целосно отворен и дека договор може да биде постигнат „за два или три дена“.

— реклама —

Но, развојот на настаните на теренот ја демантираше таа проценка. По уривањето на американски воен хеликоптер, Вашингтон изведе напади врз ирански позиции во близина на Ормутскиот теснец, а Техеран возврати со ракети и дронови, насочени кон американски бази во регионот.

— реклама —

Ова не е првпат Трамп да најавува брзо решение и непосреден мир, додека конфликтот продолжува да ескалира. Во изминатите месеци тој повеќепати тврдеше дека Иран е подготвен за договор и дека преговорите се практично завршени, иако на теренот нема трајно примирје ниту конкретни знаци за конечен договор.

— реклама —

Новата ескалација уште еднаш покажа колку е кревка безбедносната состојба на Блискиот Исток и колку брзо оптимистичките политички пораки можат да бидат засенети од реалноста на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања