Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Намалување на царините кон Кина во замена за стабилен извоз и соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека постигнал договор со кинескиот лидер Си Џинпинг за намалување на царините кон Кина за 47 проценти, во замена за континуирани купувања на американска соја, одржување на извозот на ретки метали и задушување на нелегалната трговија со фентанил.

— реклама —

Разговорите меѓу двајцата лидери се одржаа во јужнокорејскиот град Бусан и претставуваат нивна прва директна средба од 2019 година. Средбата, која беше дел од азиската турнеја на Трамп, според него, означува „нов почеток во трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг“.

— реклама —

Трамп ја искористи можноста да го пофали „напредокот во трговијата“ и со Јужна Кореја, Јапонија и земјите од Југоисточна Азија, нагласувајќи дека САД се враќаат на глобалната сцена како „фер, но цврст преговарач“.

— реклама —

Веднаш по објавувањето на деталите од договорот, глобалните финансиски пазари реагираа со осцилации – азиските индекси и европските фјучерси се движеа меѓу раст и пад, додека Волстрит и Токио претходно достигнаа рекордни вредности во очекување на исходот од разговорите.

— реклама —

Овој договор, кој доаѓа по повеќегодишна трговска војна меѓу двете најголеми светски економии, се смета за обид да се стабилизираат синџирите на снабдување и да се врати довербата во глобалниот бизнис, објави Klix.ba.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) Нов лапсус на Трамп: Ги помеша војните во Украина и Иран пред светските лидери

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп за наводната афера на поранешниот директор на „Нвидиа“: Националната безбедност не е загрозена

Свет | пред 14 часа

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најави итна жалба: „Голф-теренот мора веднаш да се обнови“

Свет | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

(Фото) Трамп сподели лажна приказна создадена со вештачка интелигенција за неговата помош на повредено момче

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања