Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трамп: Нападот врз Националната гарда е „чин на терор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени вчерашниот вооружен напад врз двајца припадници на Националната гарда во центарот на Вашингтон како „чин на терор“, „чин на зло“ и „злосторство против целата нација“. Двајцата војници беа застрелани од непосредна близина во заседа, само неколку улици од Белата куќа, во близина на метро-станицата Farragut West. Напаѓачот – 29-годишниот афганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – бил совладан од трети припадник на Гардермата и префрлен во болница.

Полицијата соопшти дека војниците се во критична состојба, а мотивот сè уште не е познат. Според Министерството за внатрешна безбедност, Лаканвал дошол во САД во 2021 година по падот на Авганистан, како дел од хуманитарната програма за преселување на Авганистанци кои соработувале со американската армија. Минатата година поднел барање за азил, кое било одобрено во април 2025 година.

— реклама —

Трамп во видео-обраќање повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за „дозволување опасни странци да влезат во Америка“, тврдејќи дека Лаканвал бил „доставен со авион во 2021 година“ и дека неговиот статус бил продолжен „според закон потпишан од Бајден“. Трамп порача дека „секој Авганистанец кој под Бајден влегол во земјата мора повторно да биде испитан“ и дека САД мора да ги отстранат сите странци „кои не придонесуваат за државата“.

— реклама —

Инцидентот се случува во период кога повеќе од 2.000 припадници на Националната гарда се распоредени во Вашингтон по наредба на Трамп, кој тврди дека во градот има „експлозија на криминал“, иако официјалните статистики не го потврдуваат тоа. Распоредувањето е предмет на правна битка – федерален судија го прогласи за незаконско и нареди повлекување, но одлуката е суспендирана на три недели по жалба на администрацијата. По нападот, Трамп побара дополнителни 500 војници да бидат испратени во главниот град.

— реклама —

Американската агенција за државјанство и имиграција доцна синоќа соопшти дека ги запира сите имиграциски постапки поврзани со авганистански државјани, додека трае истрагата за нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран го демантира Трамп: Нема преговори со САД, ниту договорени средби

Свет | пред 2 часа

Screenshot_3-Copy-32

Зошто Вашингтон купува јени со евра, а не со долари?

Свет | пред 6 часа

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп најави нови преговори со Иран: Го откажавме најголемиот напад од Втората светска војна

Свет | пред 9 часа

Pentagon

Трамп ја забрани Anthropic, судот ја блокираше одлуката

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања