Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2
screenshot x

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и досегашен специјален пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов нов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

— реклама —

Коул повеќе од една година преговара со властите во Минск, а минатиот месец белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 15 затвореници по разговорите со американскиот пратеник.

— реклама —

Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека Коул во текот на изминатата година помогнал за враќање на повеќе од 65 Американци и граѓани на сојузнички земји од Белорусија.

Според Трамп, Коул исто така договорил ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку земји во Источна Европа.

— реклама —

Коул на новата функција ќе го замени Адам Булер, за кого Трамп наведе дека помогнал да бидат вратени 196 заложници.

— реклама —

Булер, кој во август помогнал во ослободувањето на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да работи на други прашања како висок советник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп најави проширување на воената соработка со Филипините и објави нов трговски договор

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) Нов лапсус на Трамп: Ги помеша војните во Украина и Иран пред светските лидери

Свет | пред 17 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп за наводната афера на поранешниот директор на „Нвидиа“: Националната безбедност не е загрозена

Свет | пред 21 час

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најави итна жалба: „Голф-теренот мора веднаш да се обнови“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања