Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

САД нема да го нападнат Иран пред ноемвриските меѓуизбори во земјата, изјавила заменичката портпаролка на Белата куќа, Ана Кели, во интервју за „Ал Џезира“.

— реклама —

Кели ги повторила тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран се наоѓа во тешка воена и економска состојба, нагласувајќи дека блокадата ќе продолжи во целосен обем.

Таа додала дека „нафтата продолжува да тече низ Ормускиот Теснец во рекордни количества“.

— реклама —

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на разговорот со Трамп минатата недела, ја отворил можноста за обновување на војната против Иран пред изборите во Израел и САД. Тој тврдел дека Техеран наводно презема загрижувачки чекори во врска со својата нуклеарна програма.

— реклама —

Американски претставник за израелска телевизија изјавил дека Трамп повеќепати го менувал ставот за ова прашање. Според него, американскиот претседател му порачал на Нетанјаху да продолжи со подготовките, но не дал цврсто ветување дека нападите ќе бидат извршени.

Според друг американски претставник, најголема поддршка за обновување на пошироките воени операции против Иран во американската администрација даваат министерот за одбрана Пит Хегсет и Централната команда на САД (CENTCOM).

— реклама —

Сепак, мнозинството советници на Трамп се залагаат за продолжување на санкциите и економскиот притисок врз Техеран, наместо за нова воена операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања