Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Никој нема да го контролира Ормускиот теснец, санкциите кон Иран остануваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го надгледуваат Ормускиот теснец, но нагласи дека „никој нема да го контролира“, додавајќи дека тоа е дел од тековните преговори поврзани со Иран.

Говорејќи на состанок на кабинетот, Трамп се осврна и на улогата на Оман, кој, според медиумските извештаи, посредува во разговорите со Техеран за координација на управувањето со теснецот.

— реклама —

„И Оман ќе мора да се однесува како и сите други“, изјави американскиот претседател.

— реклама —

Трамп повторно нагласи дека Вашингтон не размислува за какво било ублажување на санкциите кон Иран во замена за откажување од високо збогатениот ураниум.

„Тие ќе се откажат од својот високо збогатен ураниум, но не поради укинување на санкциите. Не, никако“, изјави Трамп во разговор за PBS News.

— реклама —

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека е постигнат „одреден напредок“ во разговорите за можен договор со Иран.

— реклама —

Тој повтори дека дипломатијата останува прв избор на Вашингтон, но предупреди дека претседателот Трамп има и „други опции“ доколку не се постигне договор.

„Ако може да се постигне договор, сакаме тоа да се случи. Имаше одреден напредок и интерес, а во следните часови и денови ќе видиме дали ќе има дополнителен напредок“, изјави Рубио пред новинарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

Трамп ги притискал Венецуела и Ирак да го напуштат ОПЕК

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп подготвува нови царини за Кина, ЕУ и уште 14 економии

Свет | пред 3 дена

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп под притисок по тврдењето дека го вратил директорот на „Енвидија“ на функцијата

Свет | пред 4 дена

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Хакерски упад во тајната база на ФБИ, Трамп спомена можни нови сознанија за „руската измама“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања