Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп објави приватни пораки од Макрон и шефот на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library1j76j1tsa7va7KsvfO3

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави приватни пораки за кои тврди дека му биле испратени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и од францускиот претседател Емануел Макрон.

— реклама —

Во пораката што Трамп ја припишува на Руте, генералниот секретар на НАТО му честита за, како што наведува, постигнатото во Сирија и изразува намера на Светскиот економски форум во Давос јавно да го истакне ангажманот на американскиот претседател во Сирија, Газа и Украина. Во истата порака, Руте наведува дека е посветен на изнаоѓање решение за прашањето со Гренланд и дека со нетрпение очекува средба со Трамп.

— реклама —

Трамп објави и порака за која тврди дека ја добил од Макрон. Во неа, францускиот претседател пишува дека двете земји се целосно усогласени околу Сирија и дека заедно можат да постигнат „големи работи“ во однос на Иран, но истовремено наведува дека не го разбира пристапот на Трамп кон прашањето за Гренланд. Макрон, според објавената порака, предлага по завршувањето на форумот во Давос да се организира состанок во Париз во формат на Г7, со можност во неформалниот дел да се вклучат и претставници на Данска, Украина, Сирија и Русија. Дополнително, тој предлага и заедничка вечера со Трамп во Париз, пред неговото враќање во Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Извор близок до францускиот претседател за американската телевизија Си-Ен-Ен потврдил дека пораката која Трамп ја сподели е автентична и дека нејзината содржина е во согласност со јавните ставови на Макрон. Според истиот извор, францускиот претседател во изминатите денови јавно ги нарекол заканите со царини поради Гренланд „неприфатливи“, а воедно го одбил и повикот на Трамп да се приклучи на таканаречениот „Одбор за мир“ кој би ја надгледувал обновата на Газа.

— реклама —

По одбивањето, Трамп изјавил дека „никому не му е потребен Макрон“, при што ја споменал и можноста за воведување царини од 200 проценти за француско вино и шампањ. Изворот близок до францускиот претседател оценил дека заканите со царини со цел влијание врз надворешната политика на Франција се неприфатливи и неефикасни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mark-rute-1

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Свет | пред 10 часа

— реклама —
nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Свет | пред 3 седмици

nato-zastava

НАТО ја започна годишната нуклеарна вежба „Steadfast Noon“ со учество на 17 земји

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања