Промени тема
Контакт

Трамп планира средба со Путин и Зеленски, ЕУ: „Нас никој не нè повикал“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ursula

Американскиот претседател Доналд Трамп ги информирал дел од европските лидери за планот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и за можен трилатерален состанок со него и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Од Европската комисија потврдија дека претседателката Урсула фон дер Лајен не била во директен контакт со Трамп и не учествувала во координација со западните лидери. Неколку лидери на земји-членки ја информирале за иницијативата, но официјална покана од Вашингтон нема.

— реклама —

„Го поддржуваме праведниот и траен мир за Украина. Што се однесува до самитот, допрва треба да се види дали ќе се одржи – прерано е за детали“, изјави портпаролката на ЕК Ариана Подеста, одбивајќи да потврди дали ЕУ ќе биде поканета.

Брисел повтори дека не постои решение за Украина без согласност на Киев, и дека за улогата на ЕУ во поствоената реконструкција мора да има консултации.

— реклама —

„Никој не сака мир повеќе од Украина и Европската унија. Русија во моментов не е заинтересирана за мир. Поддржуваме секој чекор кон примирје, но во меѓувреме ѝ помагаме на Украина да биде силна – и на бојното поле и на преговарачката маса“, порачаа од ЕК.

— реклама —

Иако ЕУ не е вклучена во актуелните американски дипломатски напори, европските држави ќе го понесат најголемиот товар по завршувањето на војната – и финансиски, и со евентуално присуство на теренот. Трамп веќе порача дека САД нема да имаат активна улога, освен во инвестиции за експлоатација на стратешки минерали, а трошоците ќе паднат на ЕУ. Киев, пак, се надева на брзо отворање на првите поглавја во пристапните преговори за членство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања