Промени тема
Контакт

Трамп по нападот во Сирија: САД ќе ѝ возвратат на Исламската држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет

По смртоносниот напад во Сирија во кој беа убиени двајца американски војници и еден цивил, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе возвратат. За нападот ја обвини терористичката група Исламска држава.

„Ова е напад на ИСИС“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, непосредно пред заминувањето на фудбалскиот натпревар Army–Navy во Балтимор.

— реклама —

„Војниците настрадаа во заседа што ја изведе ИСИС, а во нападот беа ранети уште тројца нивни соборци. Жалиме за загубата, ова се одлични, тројца одлични луѓе. И едноставно ужасна работа“, изјави претседателот.

Тој нагласи дека и Сирија во оваа борба е на иста страна. „Претседателот, новиот претседател на Сирија, како што ми рекоа и не сум изненаден, е скршен од тоа што се случи. Ова беше напад на ИСИС врз нас и врз Сирија. Многу, многу тажно“, додаде Трамп.

— реклама —

Најавена брза одмазда

На директно новинарско прашање дали Соединетите Држави ќе ѝ возвратат на Исламската држава, претседателот одговори потврдно: „Да, ќе возвратиме“. Пред новинарот да постави следно прашање, Трамп го прекина разговорот со одлучна порака: „Ќе возвратиме. Ви благодарам многу“.

Убиени двајца војници и преведувач

Да потсетиме, двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени, а уште тројца беа ранети во нападот што во саботата се случи во Сирија, потврди американското Министерство за одбрана, а пренесе Си-Ен-Ен.

— реклама —

Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа Икс објави дека инцидентот се случил за време на состанок со клучни локални лидери. „Нивната мисија беше поддршка на тековните операции против ИСИС и антитерористичките операции во регионот“, наведе Парнел, додавајќи дека имињата на загинатите нема да бидат објавени додека не бидат известени нивните семејства.

Остра порака од министерот за одбрана

Министерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека напаѓачот бил убиен од партнерски сили и упати остра порака. „Нека се знае, ако целите Американци, каде било во светот, остатокот од својот краток, вознемирувачки живот ќе го поминете знаејќи дека Соединетите Држави ќе ве ловат, ќе ве пронајдат и немилосрдно ќе ве убијат“, напиша Хегсет на Икс.

— реклама —

Извештај на сириските медиуми

Според официјалната сириска новинска агенција САНА, американските војници се нашле под оган за време на заедничка патрола со сириските сили во централна Сирија. Поради инцидентот бил запрен сообраќајот на автопатот меѓу Деир ез-Зор и Дамаск, а на небото биле забележани американски борбени авиони.

„Американски хеликоптери интервенираа за да ги евакуираат ранетите во базата ал-Танф по инцидентот со пукањето“, објави САНА, повикувајќи се на американската база во источна Сирија, во близина на границата со Ирак.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 8 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 22 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања