Промени тема
Контакт

Трамп поништи клучна одлука на Обама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Американскиот претседател Доналд Трамп поништи „заклучок за опасност“ од 2009 година, кој утврдува дека стакленичките гасови претставуваат закана за јавното здравје и служеше како правна основа за ограничување на нивните емисии, особено од возила.

— реклама —

Во говор од Овалниот кабинет, Трамп ја нарече одлуката „катастрофална политика на Обама“ која ја оштети американската автомобилска индустрија и ги зголеми цените за потрошувачите. Белата куќа тврди дека укинувањето на регулативата ќе го намали трошокот на производителите за 2.400 долари по возило и ќе заштеди над еден билион долари за енергија и транспорт.

— реклама —

„Заклучокот за опасност беше окосница на регулирањето на стакленичките гасови во САД, покривајќи сè од возила до електрани, нафта и гас, метан од депонии, па дури и авионски сообраќај“, објаснува Меган Гринфилд, поранешна адвокатка на EPA.

— реклама —

Еколошки групи предупредуваат дека потегот може да доведе до поголеми трошоци за гориво, повеќе здравствени проблеми и до 58.000 дополнителни предвремени смртни случаи. Иако ќе им олесни на производителите во САД, повлекувањето на регулативата создава несигурност на странските пазари.

— реклама —

Поништувањето, истовремено, го спречуваа и поединечните држави да воведуваат построги стандарди за емисии. Идните правни спорови најверојатно ќе се водат околу науката на која се базира одлуката, а многу експерти очекуваат случајот да заврши на Врховниот суд, со што одлуката би станала трајна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 2 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 15 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 18 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања