Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп повторно ја нападна Мелони, италијанската влада се обидува да ги смири тензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryufh448gulq68eZeCEhC
screenshot X

Италијанската премиерка Џорџа Мелони повторно се најде во центарот на јавен судир со американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој на својата социјална мрежа „Трут соушал“ сподели објава со која ја исмева.

По новата провокација, водечките министри во италијанската влада се обидоа да ги намалат тензиите и порачаа дека односите меѓу Италија и САД остануваат стабилни.

— реклама —

Министерот за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека трансатлантските односи се многу поважни од поединечни јавни изјави.

— реклама —

Министерот за одбрана Гвидо Крозето рече дека не му придава значење на објавениот потсмев, нагласувајќи дека најважно е да се зачуваат добрите односи со Соединетите Американски Држави како важен сојузник.

Министерот за внатрешни работи Матео Салвини кратко изјави дека повеќе нема да ги коментира ваквите објави.

— реклама —

Новата расправија следува по нивната средба на самитот на Г7 во францускиот град Евијан, кога Трамп тврдеше дека Мелони го молела да се фотографира со неа.

— реклама —

Италијанската премиерка ги отфрли овие тврдења, оценувајќи ги како целосна измислица, и порача дека ниту таа ниту Италија никого не молат за фотографија.

Новата размена на пораки доаѓа непосредно пред самитот на НАТО во Анкара, каде што Трамп и Мелони треба повторно да се сретнат. Италијанските власти, сепак, уверуваат дека меѓу двете влади нема никаква криза и дека политичката соработка продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Иран поднесе тужби во пет земји по нападот врз училиште во кој загинале 123 деца

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Шефот на американското разузнавање: „Путин не ѝ е пријател на Америка кога станува збор за Украина“

Свет | пред 2 дена

media-libraryake5lc9jnrqrfoOuHAD

„Напијте се пиво и разговарајте“: Лула откри како ги повикал Трамп, Си и Путин на средба

Свет | пред 2 дена

media-librarytnmuqi4pah9ralMf7o3

Трамп објави фотографии од Кина со Путин и Си Џинпинг: „Тоа се мои пријатели“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања