Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп признава: Можеби имам лош ПР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа исклучително долга и содржински агресивна прес-конференција, точно една година по неговото враќање на власт, на која ги истакна, како што ги нарече, големите успеси на неговата администрација, но воедно призна дека економската порака не допира до мнозинството Американци.

— реклама —

Обраќањето започна во преполната сала за новинари во Белата куќа, каде Трамп демонстративно покажа фотографии од лица што ги опиша како „пореметени убијци“, за кои тврдеше дека биле уапсени од Имиграциската и царинска служба и депортирани од САД. Посебен акцент стави на сојузната држава Минесота, каде изминатиот период се одржуваа протести против владините имиграциски политики.

— реклама —

Трамп зборуваше за својот економски програм, тврдејќи дека успеал да ја „исчисти“ федералната администрација и остро го критикуваше својот демократски претходник Џо Бајден. Според него, актуелната власт наследила „хаос“, но бројките, особено во однос на инфлацијата, сега биле драстично намалени. Тој инсистираше дека економските показатели се значително подобрени, но изрази незадоволство што јавноста тоа не го препознава.

„Навистина ги намаливме бројките. Искрено, не разбирам зошто тоа не се чувствува. Можеби имам лоши луѓе за односи со јавноста. Не успеваме да ја пренесеме пораката“, рече Трамп, во редок момент на отворена самокритика.

— реклама —

Осврнувајќи се на Венецуела, тој ја пофали опозициската лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, опишувајќи ја како „исклучително љубезна жена“, додавајќи дека постои можност повторно да биде вклучена во американската стратегија кон таа земја.

— реклама —

Настапот на Трамп следуваше непосредно пред неговото заминување за Давос, каде треба да учествува на Светскиот економски форум. Според најавите, форумот би можел да биде обележан од неговите контроверзни ставови и закани поврзани со Гренланд, тема што во последно време предизвикува силни реакции и на меѓународната сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 1 ден

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања