Промени тема
Контакт

Трамп се повлекува од сопствениот ултиматум кон Украина: „Рокот е – кога ќе заврши“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library77614r3so4gffLZss0S

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од ултиматумот што самиот ѝ го постави на Украина — до четврток да го прифати американско-рускиот мировен план. Во разговор со новинарите во претседателскиот авион, на пат кон Флорида по повод Денот на благодарноста, Трамп изјави дека рокот повеќе не важи и дека „рокот е – кога ќе заврши“.

— реклама —

Тој нагласи дека американските преговарачи бележат напредок во разговорите со Русија и Украина, тврдејќи оти Москва прифатила „одредени отстапки“, но не откривајќи што точно било договорено. Мировниот предлог, првпат објавен од Ројтерс минатата недела, предизвика силна загриженост во Киев и европските престолнини, поради сомневања дека администрацијата на Трамп се обидува да ја притисне Украина да потпише договор кој ѝ оди во полза на Москва.

Трамп потврди дека неговиот пратеник Стив Виткоф следната недела ќе патува во Москва на средба со Владимир Путин. Во процесот е вклучен и Џеред Кушнер, зетот на Трамп, кој претходно учествуваше во постигнувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.

— реклама —

Дополнителни прашања предизвика текстот на „Блумберг“, според кој Виткоф на 14 октомври во телефонски разговор со главниот надворешнополитички советник на Путин, Јуриј Ушаков, наводно дал насоки за тоа како Москва да му се доближи на Трамп во врска со планот за прекин на огнот. Како што наведува медиумот, Виткоф дури советувал и како да се организира можна телефонска комуникација меѓу Трамп и Путин.

— реклама —

Запрашан за овие наводи, Трамп изјави дека не ја слушнал снимката на која се темели текстот, но дека вакви разговори, како што рече, се „вообичаен дел од преговори“.

Тој додаде и дека според неговите процени, Русија моментно има предност на бојното поле и дека „во интерес на Украина“ е да постигне договор, бидејќи Москва би можела да освои дел од украинската територија „во следните неколку месеци“.

— реклама —

Притоа, Трамп потврди дека САД разговараат со европските партнери за можни безбедносни гаранции за Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања