Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2
screenshot x

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека уништувањето на руските рафинерии од страна на Украина е една од причините за зголемувањето на цените на бензинот во САД. Тој истовремено оцени дека ситуацијата со Ормускиот Теснец повеќе не влијае врз цената на горивото.

— реклама —

„Она што сега повеќе не ја зголемува цената на бензинот е Ормускиот Теснец, бидејќи низ него речиси секојдневно се испорачуваат рекордни количини нафта, туку ситуацијата со рафинериите“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој наведе дека украинските сили ги уништуваат руските рафинерии, додека во САД се затвораат рафинерии во сојузни држави со демократска власт, како Калифорнија.

— реклама —

Претходно денеска иранскиот бригаден генерал Али Фадави изјави дека Ормускиот Теснец бил под контрола на Иран во текот на долгите месеци на конфликтот.

— реклама —

„Американците се присутни во Персискиот Залив од 1853 година, но сега, за првпат, ниту еден американски брод не е присутен не само во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и Оманското Море, туку дури ни во северниот дел на Индискиот Океан“, истакна Фадави.

Во меѓувреме, повеќе американски медиуми објавија дека Трамп размислува за забрана на извозот на дизел од САД.

— реклама —

Трамп претходно изјави дека е оптимист во однос на намалувањето на цените, откако во последните денови се зголемиле количините на нафта што се транспортираат преку Ормускиот Теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 1 ден

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 1 ден

media-library730iikr64of2cIFFtzO

Нови 910 откажани летови во САД, проблемите во воздушниот сообраќај продолжуваат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања