Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп упати остри закани кон пет држави ширум светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

По апсењето на венецуеланскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили за време на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација упатија серија остри пораки и предупредувања до повеќе држави, меѓу кои Колумбија, Куба, Мексико, Иран, но и Гренланд – автономна територија на Данска, објави CNN.

Трамп порача дека САД имаат задача да обезбедат „одржливи и успешни земји“ во своето опкружување, каде што нафтата ќе може „слободно да тече“, додавајќи дека „американската доминација на западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“.

— реклама —

Гренланд и Данска

Американскиот претседател повторно истакна дека на САД им е потребен Гренланд „од аспект на националната безбедност“, наведувајќи дека островот е од големо стратешко значење и дека е опкружен со руски и кинески бродови. Според него, Данска не е во состојба сама да ја гарантира безбедноста на територијата.

Гренландскиот премиер Јенс Фредерик Нилсен остро реагираше, оценувајќи ја реториката на Трамп како „целосно неприфатлива и непочитувачка“, нагласувајќи дека Гренланд не е објект, туку народ, земја и демократија. И Данска и Гренланд и претходно јасно се спротивставија на идејата за анексија.

— реклама —

Колумбија

Трамп упати навреди кон колумбискиот претседател Густаво Петро, обвинувајќи го за поврзаност со трговијата со кокаин и наговестувајќи можност за американска „операција“ во земјата. Петро возврати дека неговата влада ја има спроведено најголемата заплена на кокаин во историјата и дека се води борба против вооружените нарко-групи, иако податоците на ОН покажуваат рекордно ниво на производство на кокаин во Колумбија.

— реклама —

Куба

Трамп оцени дека воена интервенција на Куба не е потребна, бидејќи земјата, според него, е пред економски колапс поради губењето на приходите од венецуеланската нафта. Државниот секретар Марко Рубио изјави дека кубанската влада е „во сериозна неволја“. Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, пак, порача дека Куба и Венецуела нема да се откажат од својот сојуз без борба.

Мексико

Американскиот претседател повторно го обвини Мексико дека не прави доволно во борбата против нарко-картелите и откри дека и понудил воена помош на мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. Мексико засега не реагираше на изјавите, но беше меѓу земјите што го осудија апсењето на Мадуро, оценувајќи го како кршење на меѓународното право.

— реклама —

Иран

Трамп упати и ново предупредување до Иран, каде што продолжуваат антивладини протести. Тој порача дека САД ќе реагираат „многу силно“ доколку иранските власти повторно започнат со убиства на демонстранти. Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи возврати дека земјата нема да се предаде и дека протестите мора да бидат задушени.

Низата изјави и закани на Трамп дополнително ја заоструваат глобалната политичка клима по драматичните настани во Венецуела и предизвикуваат реакции ширум светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 1 ден

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања