Промени тема
Контакт

Трамп: Уставот не ми дозволува трет мандат, но ќе видиме што ќе се случи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според неговото разбирање, Уставот на САД не му дозволува да се кандидира за трет мандат, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“.

— реклама —

„Според она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам повторно, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите во авионот Air Force One, на пат кон Јужна Кореја, каде што присуствува на регионален самит, пренесува CNN.

Трамп нагласи дека има „највисок рејтинг во анкетите“ и додаде дека е „штета што не може повторно да се кандидира“.

— реклама —

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ги отфрли шпекулациите дека Трамп би можел да се кандидира за трет мандат, потсетувајќи дека секое менување на Уставот би било можно само по завршување на неговиот актуелен мандат.

— реклама —

Идејата за можен трет мандат повторно се појави поради шпекулации на поранешниот советник Стив Бенон, кој во неодамнешно интервју изјави дека „постои план“ за тоа, што дел од функционерите на Белата куќа го оценија како обид за привлекување внимание.

Според 22. амандман на Уставот на САД, усвоен во 1947 година, ниеден претседател не може да биде избран повеќе од два пати.

— реклама —

Во јавноста кружеше и тезата дека Трамп (79) би можел во иднина да се кандидира за потпретседател, додека актуелниот потпретседател Џеј Ди Венс би бил претседателски кандидат, но Трамп ја отфрли и таа можност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 10 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања