Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Воените цели на САД во Иран се речиси целосно остварени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите воени цели во Иран и дека тие цели се речиси целосно остварени.

Говорејќи на прес-конференција, Трамп изјави дека американските операции сериозно ги ослабиле иранските воени капацитети.

— реклама —

„Може да се каже дека нашите воени цели практично се остварени. Ги избришавме сите ирански сили“, изјави Трамп.

Тој додаде дека американските разузнавачки служби ги знаат сите локации каде Иран произведува беспилотни летала и дека тие објекти се цел на постојани напади.

— реклама —

„Знаеме каде се сите погони во кои Иран произведува дронови и ги погодуваме еден по еден“, рече американскиот претседател.

Според него, досега биле погодени повеќе од 5000 цели на територијата на Иран, а Соединетите Американски Држави би можеле да ги уништат и сите преостанати цели во рок од еден ден.

На прашањето од новинарите дали војната би можела да заврши до крајот на неделата, Трамп одговори дека тоа веројатно нема да се случи толку брзо, но дека крајот е блиску.

— реклама —

„Не, но наскоро. Мислам дека ќе биде многу скоро“, изјави тој.

Трамп додаде и дека Иран би можел да го преземе Блискиот Исток доколку САД и Израел не го нападнеле први.

— реклама —

„Иран е многу моќна земја. Тие ќе го преземеа Блискиот Исток. Да не ги нападневме, ќе го преземеа целиот регион“, рече американскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Британските партии се дистанцираат од Трамп: Фотографијата со Путин предизвика остри реакции

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

(Видео) Трамп го поврза своето разбирање на науката со семејното потекло: „Можеби сум генетски благословен“

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп се закани со огромни даноци за американските компании што градат центри за податоци во странство

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп најави вето на законите на демократите: „Ќе им блокирам сè ако ја преземат контролата врз Конгресот“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања