Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп за европските лидери: Кога сум тука се однесуваат многу коректно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryhav0ad7pkr688VBUIWv

Американскиот претседател Доналд Трамп со ироничен тон го опиша својот однос со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните релации со двајцата европски лидери.

— реклама —

На прашањето дали разговарал со Макрон и Стармер по денешната објава на социјалните мрежи, која се однесуваше на неговата критика за британскиот договор околу архипелагот Чагос, Трамп одговори дека не остварил директен контакт, но истакна дека односите ги смета за добри.

— реклама —
— реклама —

„Не, не разговарав со нив, но мислам дека многу добро се сложуваме. Секогаш се коректни кон мене. Малку стануваат поостри кога не сум во нивна близина, но кога сум тука, се однесуваат навистина убаво. И, знаете, ми се допаѓаат и двајцата“, изјави Трамп.

— реклама —

Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и дел од европските сојузници, особено околу прашања поврзани со Гренланд, Чагос и трговските односи, при што Трамп во повеќе наврати јавно ги критикуваше европските влади, но истовремено нагласува дека личните односи со клучните лидери остануваат стабилни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 1 ден

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања