Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп започна со депортациите во Либерија, пристигнаа првите 20 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Првата група од 20 лица, депортирани од САД, пристигна во Либерија, како дел од новиот договор според кој оваа западноафриканска земја треба да прифати до 1.200 мигранти депортирани од Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Авионот со депортираните слетал во четврток на меѓународниот аеродром „Робертс“, во близина на главниот град Монровија. Според либериските власти, меѓу вкупно 1.200 лица што треба да бидат испратени во земјата ќе има државјани од различни африкански земји, но и лица од Северна и Јужна Америка и од Карибите.

— реклама —

Договорот меѓу Либерија и САД е еден од најголемите договори за депортација во трети земји што ги спроведува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на политиката за сузбивање на илегалната миграција.

— реклама —

Либерискиот министер за правда Нату Освалд Тве изјави дека повеќето од депортираните направиле прекршоци поврзани со миграциските правила. Тој посочи дека лицата што ќе пристигнат во Либерија ќе имаат можност да побараат азил доколку тоа го сакаат.

— реклама —

Договорот, сепак, наиде на критики од организации за човекови права. Активистите тврдат дека американската администрација преку вакви договори испраќа луѓе во земји кои не се нивни матични држави, а адвокатите за имиграциско право предупредуваат дека на тој начин може да се создаде правна празнина и дополнително да се отежни заштитата на барателите на азил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Бела куќа: Зеленски, одбројувањето започна!

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Таен подарок за Трамп: Полскиот претседател му подари фотелја украсена со килибар, медиумите ја нарекоа „трон“

Свет | пред 17 часа

media-libraryji0c2jrmaopt7MMtcAo

Путин бил бесен поради нападот врз мостот кон Крим, тврди Трамп

Свет | пред 1 ден

media-librarygmod375n615lbfEP5nl

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и се спротивставил на нова воена помош за Украина

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања