Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп заработил повеќе од милијарда долари од криптовалути за една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library5b9rptl9nurv6ZPbLtX

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на минатата година остварил приходи од над една милијарда долари поврзани со криптовалути, покажуваат податоците од неговиот финансиски извештај, како и информациите за неговите активности во криптосекторот.

— реклама —

Според извештајот, Трамп пријавил 635 милиони долари авторски надоместоци од компанијата што го издава криптотокенот $TRUMP, кој беше лансиран три дена пред неговото стапување на должност за вториот претседателски мандат.

Дополнително, тој пријавил повеќе од 500 милиони долари приходи од продажба на токени на компанијата World Liberty Financial, проект за криптовалути што го поддржуваат Трамп и неговото семејство. Од продажба на удели во компанијата што ја контролира оваа платформа инкасирал уште околу 65 милиони долари.

— реклама —

Преку берзански трансакции, Трамп заработил и околу 196 милиони долари од продажба на акции на компанијата Stablecoin Holdco LLC.

— реклама —

Компанијата World Liberty Financial е основана за време на претседателската изборна кампања во 2024 година. Нејзини коосновачи се Доналд Трамп, неговите синови Ерик и Доналд Трамп Помладиот, како и Зак и Алекс Виткоф, синови на специјалниот пратеник на САД за решавање конфликти и долгогодишен соработник на Трамп, Стив Виткоф.

Приходите од криптовалутите значително ги надминале неговите заработки од традиционалниот бизнис со недвижности. Така, од клубот „Мар-а-Лаго“ остварил околу 77 милиони долари, од голф-клубот во Дорал, Флорида, 122 милиони долари, а повеќе од 30 милиони долари приход оствариле и неговите голф-клубови во Јупитер, Бедминстер и Тарнбери.

Во финансискиот извештај се наведува дека Трамп пријавил и 4,7 милиони долари авторски надоместоци од продажба на часовници со неговото име, како и приходи од патики, парфеми и гитари со брендот „Трамп“. Дополнително, компанијата „Трамп Ресторани“, со седиште во Њујорк, остварила речиси 2,9 милиони долари приходи од продажба на храна и пијалаци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) „Одвратен си, изгледаш ужасно“: Трамп со жестоки навреди кон новинар откако му поставил непријатно прашање

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп му даде зелено светло на Ел Салвадор за голема воена операција на Хаити

Свет | пред 2 дена

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп размислува за ублажување на санкциите врз рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања