Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Три лица уапсени, меѓу жртвите и деца: седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Во последните 24 часа полицијата регистрирала вкупно седум случаи на семејно насилство низ државата, при што три лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.

Најтежок случај бил пријавен во Скопје, каде на подрачјето на Центар бил уапсен 30-годишниот Г.К., откако физички ја нападнал својата мајка и употребил тврд предмет.

— реклама —

Во друг случај во скопско, 27-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг физички ги нападнал неа и нивниот малолетен син, при што исто така употребил тврд предмет.

Полициски службеници извршиле службен разговор и со 49-годишен скопјанец, кој бил пријавен дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка.

— реклама —

Во Охрид бил лишен од слобода 33-годишен маж, откако неговата сопруга пријавила дека по расправија се обидел да ја нападне со остар предмет и ѝ упатувал закани.

— реклама —

Во Берово, 43-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал со метален предмет по семејна расправија.

Во Тетово бил уапсен 37-годишен маж по пријава од неговата поранешна партнерка дека ја следел, вознемирувал, насилно влегол во нејзиното возило и ѝ го одзел мобилниот телефон.

— реклама —

Во Велес, пак, 75-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот 78-годишен сопруг, кој употребил пластичен и дрвен предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи и дека по нивното документирање ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Електронски алки за следење на насилниците и отстранување од домот на 48 часа предвидуваат новите законски измени за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

За 69 отсто зголемени пријавите за семејно насилство, речиси 1.900 случаи за десет месеци, меѓу жртвите и 100 деца

Македонија | пред 6 часа

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум случаи на семејно насилство за еден ден

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања