Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Три лица уапсени, седум случаи на семејно насилство пријавени за едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие биле евидентирани седум случаи на семејно насилство на различни локации низ државата, при што три лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.

Во Скопје, полициски службеници го привеле Г.К. (30), откако бил пријавен дека во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка, при што употребил и тврд предмет.

— реклама —

Во друг случај во скопско, 27-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг Џ.Б. (29) физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син, а при нападот користел тврд предмет.

Во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со Т.Т. (49), по пријава дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка.

— реклама —

Во Охрид бил уапсен К.Л. (33), откако неговата сопруга пријавила дека по расправија се обидел да ја нападне со остар предмет и ѝ упатувал закани.

— реклама —

Во Берово, 43-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг М.Д. ја нападнал со метален предмет по претходна расправија во семејниот дом.

Полициски службеници во Тетово го лишиле од слобода Б.А. (37), по пријава од неговата поранешна партнерка дека ја следел и вознемирувал, а потоа насилно влегол во нејзиното возило и ѝ го одзел мобилниот телефон.

— реклама —

Во Велес, 75-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал користејќи пластичен и дрвен предмет.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 21 час

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 21 час

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања