Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Трипуновски: Ковачевски и Николовски го уништија АД Водостопанство, трет месец по ред над 500 вработени немаат земено плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Cvetan-Tripunovski

„Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите во државата. Трет месец по ред над 500 вработени од АД Водостопанство немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Додека Ковачевски и Николовски шетаат и трошат народни пари, над 500-тини семејства едвај преживуваат“, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

— реклама —

Во време кога има двоцифрена инфлација, скапа струја и нафта, Ковачевски и Николовски оставаат 500 семејства без основна животна егзистенција.

— реклама —

Помеѓу овие вработени има лица кои имаат потреба од медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, лица кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и лица кои имаат деца кои што чекаат храна од своите родители.

— реклама —

Дополнително, според информациите кои што ги добивам од голем број на вработени во претпријатието, претпријатието нема основни средства за работа, нема резервни делови и нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е сериозен проблем.

Состојбата во АД Водостопанство е алармантна и е потребно е веднаш да се реагира.

Ова што го прават Ковачевски и Николовски на 500 вработени кои чесно и поштено ги заработиле платите е нечесно и нехумано.

Наместо некој да сноси одговорност кога предупредував и алармирав пред една недела дека претпријатието трет месец нема исплатено пари, Ковачевски и Николовски продолжија со игнорантскиот однос.

Почитувани,

Ако има пари Ковачевски да дава за промоции, шетање, пиење скапи вина, и делење на тендери на фирми омилени на владата на СДС, тогаш да најде пари и за вработените во АД Водостопанство.

Затоа барам веднаш да им се исплатат сите три плати на вработените во АД Водостопанство, и тоа без дополнителни изговори.

Власта на СДС е неспособна, Ковачевски повеќе нема никаков легитимитет да раководи со владата, а Николовски со министерството за земјоделство.

Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 6 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања