Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трипуновски не знае ништо друго освен манипулации туѓи успеси, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tripunovski1-1

„ВМРО-ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, уште еднаш покажаа тотоална безидејност кога е во прашање поддршката на земјоделството и земјоделците. Ноторна лага се информациите на Трипуновски дека оваа година е прва година кога се исплатиле субвенции за тековната програма за директните плаѓања“, реагира СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски.

„Срамно е да се фалите со туѓи мерки, а уште посрамно е да лажете дека вие сте вовеле за прв пат ваква исплата.

— реклама —

Исто така не е точно дека се работи за исплата на заостанати субвенции, сите се од тековната прпграма за 2023 година и 2024 година.

— реклама —

Не ги потценувајте земјоделците, ти знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година.

Трипуновски, ако не се сеќавате или ако не ве информирале службите, да ве потсетиме. Вчерашната исплата на субвенции е всушност продолжување на започнатиот процес од минатата година. Сакале или не да признаете, тоа е дел од добрите мерки и систем на исплата воспоствен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел како што го презентирате. Исплатата на субвенциите што се реализираше вчера, е направена и минатата година за прв пат и тоа е новиот модел за авансна исплата на субвенции што го воведе СДСМ.

— реклама —

Измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години. Минатата година за прв пат земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите.

— реклама —

Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година ја донесе Владата на СДСМ во јануари годинава. Само во сточарството кај млечните крави ја зголемивме субвенцијата за оваа година од 4.000 денари на 12.000 по грло. Ова е вистинска грижа за земјоделците и долгорочна стратегија за развој на земјоделството.

Вие Трипуновски, манипулирате, не се потрудивте да понудите ниту нова мерка, ниту зголемени субвенции. Доста им е на земјоделците од лаги и манипулации, потребни им се мерки и политики за да бидат профитабилни и конкурентни“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања