Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тројца мотоциклисти приведени за еден ден – возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydqjqh0dult3r9QFfhty
Илустрација / Скопје1

Тројца мотоциклисти биле лишени од слобода во одвоени полициски акции во Прилеп и Маврово, откако биле затекнати како управуваат мотоцикли без возачка дозвола, а во еден случај и со нерегистрирано возило.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 26 јули во 11:00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп бил приведен Б.С. (35) од Прилеп. При сообраќајна контрола било утврдено дека управувал мотоцикл со прилепски регистарски ознаки без возачка дозвола.

— реклама —

Истата вечер, односно на 27 јули во 00:05 часот, на улицата „Кузман Јосифоски“ во Прилеп бил лишен од слобода и М.Б. (39) од Прилеп, кој управувал мотоцикл со скопски регистарски ознаки, исто така без возачка дозвола.

— реклама —

Во трет случај, на 26 јули во 13:10 часот во Маврови Анови, полициски службеници го привеле Е.С. (18) од Гостивар. При контролата било утврдено дека управувал нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола. Мотоциклот му бил одземен.

— реклама —

По целосното документирање на сите случаи, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 12 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 13 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања