Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Тројца пратеници ја заменија пратеничката со градоначалничката фотелја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarybue6cv4gibjvdg14SZa

Тројца пратеници од актуелниот парламентарен состав се избрани за нови градоначалници.

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов по формалната собраниска процедура седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.

— реклама —

Ова го констатираше Државната изборна комисија на денешната седница.

— реклама —

Како што посочи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.

Инаку според листата, пред Стојановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Игор Никовски, но претходно тој ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.

— реклама —

За новите пратеници, ДИК, веднаш ќе го информира Собранието.

— реклама —

Претходно денеска, на седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа мандатите за пратеници.

ДИК на новоизбраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања