Промени тема
Контакт

Тројца загинати во руските напади врз Дњепар, речиси 100.000 потрошувачи останаа без струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија во текот на ноќта изврши серија напади врз индустриски и енергетски објекти во повеќе делови на Украина, при што, според украинските власти, загинале три лица, а речиси 100.000 потрошувачи во северниот дел од земјата останале без електрична енергија.

— реклама —

Најтешко е погодена Дњепропетровската област, каде што руските сили со ракети, беспилотни летала и артилерија нападнале цели во Дњепар, Криви Рих и Павлохрад. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа соопшти дека во нападите во четири окрузи загинале три лица, додека шестмина се повредени.

Во Дњепар се причинети сериозни оштетувања на деловни објекти и магацини, додека оштетени се и индустриски објекти во Павлохрад и Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Украинското воено воздухопловство соопшти дека во текот на ноќта Русија употребила неодреден број противбродски и балистички ракети „Оникс“, четири крстосувачки ракети и 212 беспилотни летала.

— реклама —

Последиците од нападите се почувствувале и во енергетскиот сектор. Локална компанија за дистрибуција на електрична енергија соопшти дека по напад врз енергетски објект во соседната област, речиси 100.000 потрошувачи во Черниговската област останале без струја.

Масовен напад бил извршен и врз Полтавската област во централниот дел на Украина. Гувернерот Виталиј Дјаковнич информираше дека биле погодени индустриска компанија и објект од критичната инфраструктура.

— реклама —

По повеќе од четири и пол години војна, борбите долж фронтот во голема мера се без значителни поместувања, додека Москва и Киев во последните месеци ги засилуваат нападите врз индустриски капацитети, пристаништа, логистички центри и други економски цели, со цел да ги ослабат воените капацитети на спротивната страна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин ќе го врати „Генералот Армагедон“ на фронтот? Се појавија нови шпекулации

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library5lf8v3k45lemdVOX8WP

„Гаѓаат дата-центри и мобилни комуникации“ – Зеленски најави одговор кон Русија

Свет | пред 1 ден

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Русија ѝ ја предава на Северна Кореја технологијата за напредни борбени дронови

Свет | пред 1 ден

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски од Киев: „Русија ескалира, дали навистина мислат дека нема да одговориме?“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања