Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Турција очекува Трамп да присуствува на самитот на НАТО во Анкара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
turcija-zname

Турција очекува американскиот претседател Доналд Трамп да присуствува на самитот на НАТО што ќе се одржи во Анкара на 7 и 8 јули, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

— реклама —

Во интервју за Блумберг ТВ, Фидан посочи дека Трамп во неколку неодамнешни телефонски разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган навестил дека планира да учествува на состанокот на Алијансата.

— реклама —

Според Фидан, САД и натаму остануваат посветени на НАТО и во моментов нема индикации дека Вашингтон размислува за напуштање на Алијансата, и покрај претходните изјави во таа насока.

— реклама —

Тој оцени дека европските сојузници веќе започнале со зголемување на издвојувањата за одбраната под притисок на САД, а токму напредокот во оваа област ќе биде една од главните теми на претстојниот самит во Анкара.

Шефот на турската дипломатија истакна и дека Турција ги поддржува разговорите меѓу САД и Иран, предупредувајќи дека продолжувањето на регионалните тензии, вклучително и израелските напади во Либан, може да ги загрози напорите за стабилизирање на примирјето во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 1 седмица

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања