Промени тема
Контакт

Турски државјанин и уште едно лице осомничени за даночно затајување од над 12 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според соопштението, првопријавениот Н.О., државјанин на Турција и реален сопственик и управител на компанијата во периодот од 2016 до 2021 година, заедно со второпријавениот Е.М., кој подоцна бил запишан како сопственик и управител, се сомничат дека со однапред утврдена намера избегнале плаќање на даночни обврски и противправно присвоиле трговска стока.

— реклама —

Финансиската полиција наведува дека компанијата не изготвила и не поднела завршни сметки за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, при што трговска стока во вредност од 32.054.759 денари била неосновано присвоена.

Воедно, според наводите, не бил пресметан, пријавен и уплатен данок на додадена вредност во износ од 5.769.856 денари, како и данок на личен доход во висина од 3.561.283 денари.

— реклама —

Дополнително, пријавените не ги отпишале застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години, во износ од 32.847.325 денари, ниту ги прикажале како приходи, поради што не бил пресметан и уплатен данок на добивка од 3.284.732 денари.

— реклама —

Со овие дејствија, според Управата за финансиска полиција, пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле законски утврдени даночни обврски во вкупен износ од 12.615.871 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-library32upc69icq8893Bh4zB

Не платил надоместок за отпад, па отворил ликвидација на фирмата – кривична за даночно затајување од 3,8 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања