Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тушевска: Во Предлог буџетот за 2027 приоритет е и здравството за кое има раст од 5,2% во однос на претходниот буџет за оваа област

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryoft20embd1c80k2ZAY4

Здравството и образованието се меѓу областите на кои им се посветува внимание во Предлог-буџетот за 2027 година, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

— реклама —

За Министерството за здравство се предвидени 8,127 милијарди денари, што е зголемување од 5,2 отсто во однос на последниот буџетски план за 2026 година. Тушевска посочи дека посебно внимание е насочено кон лекувањето на ретките болести и превентивните здравствени програми.

— реклама —

Таа нагласи дека од здравствениот систем се очекуваат подобри услови, поквалитетни услуги и поголема достапност на здравствената заштита, за што се потребни континуирани вложувања и системски реформи.

Во образованието, според Тушевска, продолжуваат инвестициите во изградба и реконструкција на училишта, студентски домови, градинки и спортски сали. Средствата за предучилишното и основното образование се зголемуваат за 19,3 отсто, односно за 451 милион денари, додека кај средното образование е предвиден раст од 7,1 отсто.

— реклама —

Таа го издвои и зголемувањето на средствата за регионалните центри за стручно образование и обука, оценувајќи дека образовниот систем треба да одговори на потребите на современата економија и пазарот на трудот.

— реклама —

Тушевска посочи и дека капиталните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 40,822 милијарди денари, средства наменети за проекти со долгорочна вредност за државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6psrgvskbfd0bckWDLi

(Видео) Тушевска: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство преку реализација на капитални проекти, модернизација и силни институции

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryrs3sjinmvv1267UtTUK

Тушевска: Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, поддршката на земјоделците дава резултати

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryer1d2f345snb0s3YLZD

„Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните“, вели Тушевска

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања