Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Туск му се потсмева на Орбан по низата скандали во Унгарија: „Импресиониран сум од твојата креативност“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Свет
media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Полскиот премиер Доналд Туск иронично ги коментираше последните скандали во Унгарија, меѓу кои приведувањето на братот на премиерот Виктор Орбан под сомнение за трговија со луѓе и пронаоѓањето милиони долари во готовина во истрага поврзана со поранешен министер.

— реклама —

Туск својата реакција ја објави на социјалната мрежа Икс, упатувајќи му саркастична порака на унгарскиот премиер.

„Пред неколку дена братот на Орбан беше приведен во случај поврзан со трговија со луѓе, а вчера во шума беа пронајдени 20 милиони долари што ги закопал еден од министрите на Орбан. Драг Викторе, отсекогаш ѝ се восхитував на твојата креативност, но сега морам да кажам дека сум поимпресиониран од кога било“, напиша Туск.

— реклама —
— реклама —

Унгарската Национална канцеларија за заштита и враќање на имотот соопшти дека во заедничка акција со полицијата биле уапсени четири лица – тројца мажи и една жена. Меѓу приведените, според достапните информации, се братот на Виктор Орбан и неговиот партнер. Истражителите извршиле претреси во Будимпешта и во областа Пешта.

Иако надлежната институција не ги објавила имињата на приведените, Петер Маѓар за време на говорот во Берлин едно од апсењата го поврзал со Арон Орбан.

— реклама —

Унгарскиот премиер ги отфрлил обвинувањата, оценувајќи дека станува збор за политичка пресметка и обид вниманието на јавноста да се пренасочи од друг скандал поврзан со работата на унгарската влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Туск по нападот во Краков: Не си играјте со оваа трагедија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Туск удри по опозицијата: „Имаат армија руски ботови зад себе“

Свет | пред 1 седмица

donald-tusk

Полскиот премиер предупредува: Русија планира хибридни напади врз земји од НАТО

Свет | пред 1 месец

tusk

Туск: НАТО се распаѓа, ситуацијата е катастрофална

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања