Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Туск по нападот во Краков: Не си играјте со оваа трагедија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 минути -

Свет
media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште 12 се повредени.

— реклама —

„Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова злосторство“, напиша Туск на Икс.

Според Ројтерс, полскиот премиер отпатувал во Краков, а претходно соопштил дека редовно добива информации од министерот за внатрешни работи за истрагата. Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека надлежните служби интензивно работат на случајот.

— реклама —
— реклама —

Според локалните медиуми, напаѓачот околу 15 часот со автомобил „субару“ влегол на главниот плоштад во Краков од улицата Славковска и отворил оган врз насобраните граѓани. Потоа пукал и кон полицајците кои тргнале во потера по него. Во размената на оган со полицијата бил ранет, а потоа уапсен.

Меѓу повредените има и двајца полицајци. Осомничениот е полски државјанин, а полицијата соопшти дека не трага по други можни сторители. Во неговиот автомобил било пронајдено поголемо количество дополнително оружје и муниција.

— реклама —
media-library8ri9664r2f32aMpMg9x

(Вознемирувачко видео) Нови информации за нападот во Краков: Петмина загинати, напаѓачот во критична состојба

Мажот осомничен за пукањето на Главниот плоштад во Краков, Полска, во кое загинаа пет лица, се наоѓа во критична состојба и е подложен на операција, објави полскиот портал „Онет“.Според информациите на полските медиуми, осомничениот има 24 или 25 години, но неговата точна возраст сè уште не е потврдена. Полицијата соопшти дека станува збор за полски државјанин, чиј идентитет го утврдила со оперативна работа, бидејќи кај себе немал лични документи.Според медиумските извештаи, напаѓачот бил облече

Свет | пред 1 час

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Туск удри по опозицијата: „Имаат армија руски ботови зад себе“

Свет | пред 6 дена

— реклама —
donald-tusk

Полскиот премиер предупредува: Русија планира хибридни напади врз земји од НАТО

Свет | пред 1 месец

tusk

Туск: НАТО се распаѓа, ситуацијата е катастрофална

Свет | пред 6 месеци

tusk

Туск: Европа не смее да си дозволи слабост во однос нс Трамп, ниту кон противниците ниту кон сојузниците

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања