Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Вознемирувачко видео) Нови информации за нападот во Краков: Петмина загинати, напаѓачот во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Свет
media-library8ri9664r2f32aMpMg9x

Мажот осомничен за пукањето на Главниот плоштад во Краков, Полска, во кое загинаа пет лица, се наоѓа во критична состојба и е подложен на операција, објави полскиот портал „Онет“.

— реклама —

Според информациите на полските медиуми, осомничениот има 24 или 25 години, но неговата точна возраст сè уште не е потврдена. Полицијата соопшти дека станува збор за полски државјанин, чиј идентитет го утврдила со оперативна работа, бидејќи кај себе немал лични документи.

— реклама —

Според медиумските извештаи, напаѓачот бил облечен во маскирна облека и користел полуавтоматска пушка од типот АР-15. На плоштадот пристигнал со црно возило „Субару“ без регистарски таблички. Во автомобилот полицијата пронашла дополнително оружје и муниција.

— реклама —

Полската полиција ги демантираше информациите дека во нападот загинал полициски службеник или дека се трага по втор напаѓач. Според официјалното соопштение, единствениот познат осомничен е под полициски надзор.

— реклама —

По трагичниот настан се огласија полскиот претседател Карол Навроцки, премиерот Доналд Туск и повеќе министри, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите и поддршка за повредените. Мотивот за нападот засега не е познат, а полицијата и обвинителството ги истражуваат сите околности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8i0j539r5hcjfKhbqAH

Најмалку петмина загинати во вооружен напад на главниот плоштад во Краков

Свет | пред 1 час

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања