Промени тема
Контакт

Уапсен 24-годишник во Хонгконг за телефонски измами, граѓанин измамен за над 11.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

Полицијата во Хонгконг уапсила 24-годишен маж осомничен за телефонски измами, откако една од наводните жртви изгубила повеќе од 11.000 евра.

— реклама —

Истрагата започнала откако полицијата поврзала повеќе СИМ-картички, регистрирани на име на една компанија, со серија измами во кои повикувачите лажно се претставувале како вработени во службите за корисничка поддршка на интернет-продавници.

Минатиот петок, полицијата извршила претрес во стан во населбата Цеунг Кван О, за кој се сомнева дека бил користен како база за извршување на измамите. При претресот биле одземени повеќе СИМ-картички, уред за поврзување поголем број мобилни картички, неколку мобилни телефони, таблети и компјутери, објави „Стандард“.

— реклама —

Според полицијата, осомничениот ги повикувал граѓаните, претставувајќи се како вработен во службата за корисничка поддршка на интернет-продажни платформи. На жртвите им кажувал дека има проблем со купената стока и им нудел враќање на парите, но претходно барал да уплатат одредена сума на сметка што ќе им ја посочел.

— реклама —

Како причина за уплатата наведувал депозит, административни трошоци или тврдел дека наскоро ќе им бидат наплатени високи годишни надоместоци. На овој начин, според сомневањата на истражителите, вршел притисок врз жртвите да му префрлат пари.

Според достапните информации, осомничениот за само една недела остварил повеќе од 23.000 повици поврзани со измами.

Тој и натаму е во полициски притвор, а истрагата за случајот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari

Неготинец работел осум месеци без плата, кога си ги побарал парите добил навреди и закани

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
pari-1

Лажен инспектор измамил старица за над 120.000 денари

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Измамена старица: „За 8.000 евра можам да ја спасам ќерќа ти од затвор која прегази дете на пешачки“

Македонија | пред 9 месеци

media-library1o3e91r01k764tTvrPR

Федерика Могерини меѓу уапсените во истрагата за можно злоупотреба на средства од ЕУ

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања