„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уапсен ексдржавниот правобранител: Фехми Стафа фатен при земање поткуп, а беше пријавуван и во Финансиска полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library55pa1pgudiln2ipupBI

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е уапсен откако бил фатен како прима поткуп, дознава „Скопје1“ од извори блиски до истрагата. Oваа информација засега не можеме да ја потврдиме од официјални извори бидејќи се работи на предметот. Апсењето е резултат на подолга оперативна обработка спроведувана во рамки на истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Засега од обвинителството не откриваат дали по апсењето ќе биде побаран притвор, посочувајќи дека постапката сè уште е во тек и дека јавноста дополнително ќе биде информирана.

— реклама —

Апсењето на Стафа доаѓа по серија контроверзии кои со месеци го следеа неговото име додека владееја СДСM и ДУИ. Тој беше разрешен од функцијата државен правобранител со одлука на Владата, без јавно образложение, во период кога беше разрешен и поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми, со кого Стафа, според информации во јавноста, бил во „тивка војна“. Стафа на функцијата дојде како предлог на партијата Алтернатива, а во јавноста често се поврзуваше и со ДУИ.

Неговото име беше споменувано и во скандалот со исплати на хонорари на телевизиската презентерка Бесмира Ејупи, која во јавноста се појави и како можна идна конзулка. Според податоците што претходно ги објави Државната комисија за спречување на корупцијата, од Државното правобранителство, за време на мандатот на Стафа, преку 11 трансакции ѝ биле исплатени вкупно 247.658 денари, односно околу 4.000 евра, за, како што беше наведено, непостоечки работни ангажмани.

— реклама —

Паралелно со тоа, Стафа беше поврзуван и со случајот „Труст“, односно со неможноста државата да наплати штета од околу 17 милиони евра од бизнисменот Сеад Кочан. Во јавноста беше актуелно дека за време на стечајната постапка на фирмата на Кочан, било овозможено отуѓување на имотот, поради што државата останала без можност за конфискација. Обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски тогаш укажаа дека по правосилноста на пресудата, надлежноста за заштита на имотните интереси преминува на државата, односно на Државното правобранителство како нејзин правен застапник.

Против Стафа во минатото биле поднесени и повеќе пријави до Финансиската полиција, а неговото апсење сега отвора сериозни прашања за начинот на кој била вршена функцијата државен правобранител и за евентуалната штета по државните интереси. Очекувањата се дека во наредните денови обвинителството ќе соопшти повеќе детали за случајот и за натамошниот тек на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycamf6fn7pbc43mfRuk9

Кој е Фехми Стафа: Од државен правобранител до осомничен за судска корупција

Македонија | пред 3 седмици

policija-2457

Се бара притвор за Фехми Стафа: бил фатен со парите кои ги побарал и добил за да влијае на судија

Македонија | пред 3 седмици

media-library0dgc1kt8col44DswDr1

Судска корупција на дело: Ексдржавниот правобранител Стафа осомничен за примање поткуп и влијание врз Апелација со 50.000 евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања