Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Хорор во Кавадарци: Го убил сопствениот брат, па го влечел телото од домот во шупата за да го крие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
lisici

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

— реклама —

-Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.

— реклама —

Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, се вели во соопштението на обвинителството.

— реклама —

Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.

Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 1 месец

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања