Промени тема
Контакт

Убиството на 23-годишен студент во Лион предизвика политичка бура во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library15nl331ejqq8eJQms7f

Убиството на 23-годишниот студент по математика и националистички активист Кантен Деранк во францускиот град Лион предизвика силни политички реакции и меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Младиот студент почина во саботата, два дена откако бил претепан од група млади лица на улица.

Инцидентот се случил во четвртокот попладне, кога Деранк изразил поддршка за десничарскиот колектив Немезис, кој организирал помал протест против доаѓањето на левичарска политичарка на Институтот за политички студии во Лион. Според британскиот сервис BBC, снимка направена неколку улици подалеку од местото на протестот покажува како поголема група лица тепаат тројца млади луѓе, при што едно лице, за кое се претпоставува дека е Деранк, останува да лежи на земја.

— реклама —

Набргу потоа тој бил пронајден дезориентиран како талка по улица. Лекарите констатирале мозочно крварење и бил пренесен во болница, каде што во саботата попладне им подлегнал на повредите.

Министри од владата на претседателот Емануел Макрон вината ја насочија кон припадници на крајната левица. Министерот за внатрешни работи Лоран Нунез изјави дека „очигледно станува збор за дело на крајната левица“, додека министерот за правда Жералд Дарманен порача дека „го уби крајната левица, без никакво сомневање“.

— реклама —

Во напнатата политичка атмосфера пред важните локални избори следниот месец, вниманието се насочи кон радикалната левичарска партија Непокорена Франција и кон забранетата група „Млада гарда“. Од Немезис тврдат дека меѓу лицата што првично го попречувале нивниот собир препознале активисти на оваа организација.

„Млада гарда“ е основана во 2018 година од Рафаел Арно, кој денес е пратеник од редовите на Непокорена Франција во Националното собрание. Групата минатата година беше забранета поради обвинувања за поттикнување насилство, но негира поврзаност со овој случај.

— реклама —

Европратеничката од Непокорена Франција, Рима Хасан, во петокот го осуди инцидентот и повика на темелна истрага. Таа наведе дека за време на нејзината посета единствена заштита ѝ обезбедувале членови на партијата.

Адвокатот на семејството, Фабрис Рајон, изјави дека Деранк „не бил ниту телохранител, ниту член на каква било обезбедувачка група“, нагласувајќи дека никогаш не бил вмешан во нереди и дека своите убедувања ги бранел на ненасилен начин. Негови пријатели за француските медиуми изјавиле дека во последните години повторно ја пронашол католичката вера и бил активен во националистичката политика.

Десничарските политичари жестоко ја нападнаа Непокорена Франција, обвинувајќи ја за поттикнување насилство од страна на таканаречени антифашистички активисти. Европратеничката Марион Марешал изјави дека „милицијата на Жан-Лик Меланшон уби човек и има крв на рацете“. Лоран Вокиe, лидер на пратеничката група на Републиканците, порача дека младиот студент „паднал под ударите на чудовишта водени од омраза“. Бруно Ретајо, кој неодамна ја најави својата кандидатура за претседателските избори следната година, исто така ја обвини крајната левица за насилството.

Лидерот на Непокорена Франција, Жан-Лик Меланшон, изјави дека неговата партија „нема никаква врска со оваа приказна“, изразувајќи шок, сочувство и емпатија кон семејството и пријателите на жртвата, и повторувајќи дека се противи на сите форми на насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryog780k9t7ut6fM9meH7

Четиринаесетгодишен ученик пукаше во училиште во Франција, ранети директорот и наставничка

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-librarye5tsbiikf05r9xCL0xG

(Видео) Градоначалник во Франција застана меѓу полицијата и демонстрантите, полицијата го погоди со солзавец

Свет | пред 5 дена

media-libraryvhk3c1j8d0miednWIPC

(Видео) Франција на нозе: Блокирани училишта, ученици и наставници на протести низ земјата

Свет | пред 6 дена

media-libraryhbt7pf7i7f9090z8oKg

(Видео) Хорор во Франција: 15-годишник остана без шака за време на ученички протест

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања