Промени тема
Контакт

Ученици од Франција во посета на Општина Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryq8uuk281rftg8HcY8X8

Средношколци од францускиот град Лил престојуваат во Неготино во рамки на соработката меѓу СОУ „Св. Кирил и Методиј“ и гимназијата „Озанам“. Учениците денеска ги прими градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, која разговараше со нив и со нивните домаќини.

— реклама —

Соработката започна оваа година, а од 2 до 9 октомври група од 16 ученици од неготинската гимназија, предводени од професорот по француски јазик Драган Трпковски, престојуваше во Лил. Возвратната посета на француските ученици започна вчера и ќе трае до недела, 25 октомври.

— реклама —
— реклама —

Целта е размена на искуства меѓу учениците и професорите, како и запознавање со културата на двете држави. За време на престојот, гостите од Франција ќе ги посетат Охрид, Скопје, Стоби, Битола и Демир Капија.

Градоначалничката Нацева им посака пријатен престој во Неготино и успешно остварување на целите на соработката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn15amrs7clht59S2orP

Измамен жител на Неготино: му стигнала лажна порака за сообраќаен прекршок, наместо 460 платил 27.000 денари

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Син и снаа го истепале 71 годишниот татко во Неготино

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryosc6oh6sd20q0cLWnDx

Нацева: Реконструкција и изградба на улици во Тремник, подобра патна инфраструктура за жителите

Македонија | пред 1 година

media-librarydq4d38p17vhv1QQenhR

(Видео) Голем пожар во центарот на Неготино – изгоре продавницата на пред официјално отворање

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања