Промени тема
Контакт

УЈП: Целосна соработка со обвинителството во случајот со 11 вработени, нема компромис со незаконитости

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи соопшти дека континуирано соработува со сите надлежни институции во случаите каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област и дека наодите од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, од УЈП информираат дека се во постојана и целосна координација со обвинителството, при што биле обезбедени и доставени целосна документација, релевантни материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките.

— реклама —

„Нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата“, нагласуваат од Управата за јавни приходи.

Истовремено, од УЈП потсетуваат дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност, како темелна гаранција на правниот поредок.

— реклама —

Додека трае постапката, Управата за јавни приходи, како што се наведува во соопштението, презела навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тоа, се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

— реклама —

Од УЈП порачуваат дека остануваат посветени на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес, најавувајќи дека ќе продолжат со целосна соработка со надлежните органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Над 221 милион евра даночен долг кон државата – три скопски фирми на врвот на листата на УЈП

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybcofi2gtj6gh0XUflvd

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките

Македонија | пред 1 месец

ujp

УЈП ги повика издавачите на сместување навреме да ги пријават приходите

Македонија | пред 1 месец

ujp

Над 35.000 незавршени регистрации во е-Даночни услуги, УЈП ги повика граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања