Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

УЈП побарува данок за работа во странство од 2020 година: Граѓани во правна и финансиска стапица, сега должат илјадници евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarymmd9tsk2f06uaUartMK

Граѓани се обратија до редакцијата на Скопје1 со сериозни обвинувања кон Управа за јавни приходи, тврдејќи дека институцијата ретроактивно побарува данок за приходи остварени од работа во странство уште од 2020 година, со што, како што велат, директно им се загрозува егзистенцијата.

— реклама —

Според сведоштвата, станува збор за лица кои во изминатите години работеле во странство, најчесто на Блискиот Исток, со валидни работни визи и резидентски дозволи, при што престојувале надвор од државата по 10 до 11 месеци годишно. Платите им биле исплаќани на сметки во македонски банки, но тие, повикувајќи се на законската одредба за даночен резидент, биле убедени дека немаат обврска за плаќање персонален данок на доход во Македонија.

Граѓаните посочуваат дека согласно важечката регулатива, лице кое престојува надвор од државата повеќе од 183 дена во текот на една календарска година не се смета за даночен резидент. Дополнително, тврдат дека во тој период се консултирале и со службеници во УЈП, од каде што добиле усни информации дека не подлежат на оданочување во земјата.

— реклама —

По речиси пет години, УЈП почнала да испраќа известувања и решенија за наплата на данок за тие години, со кратки рокови за плаќање и без, како што велат граѓаните, да им се признаат доказите за престој и работа во странство. Износите што се побаруваат, според нив, достигнуваат неколку илјади евра по лице.

Дополнителен проблем, на кој укажуваат, е одбивањето на Министерството за внатрешни работи да издаде потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека податоците не се чуваат подолго од пет години. Со тоа, граѓаните тврдат дека се доведени во ситуација да не можат да докажат факти кои самите институции им оневозможуваат да ги документираат.

„Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година? Зошто сега се бара нешто што тогаш не беше побарано? И дали е правично граѓаните да ја сносат целата одговорност за институционални пропусти и различни толкувања на законот? Станува збор за голем број граѓани и сериозен удар врз нивната егзистенција.“, прашува еден од засегнатите граѓани.

По јавните реакции, директорката на УЈП, Елена Петрова, изјави дека не станува збор за ретроактивно оданочување, ниту за воведување нова мерка, туку за постоечка законска обврска предвидена со Законот за данок на личен доход, а претходно и со Законот за персонален данок на доход. Таа нагласи дека фактот што во минатото обврската не била доследно применувана не значи дека не постоела, ниту дека може да биде изземена од законската примена.

Сепак, граѓаните остануваат на ставот дека се доведени во неправедна и финансиски неодржлива позиција, најавувајќи дека ќе бараат институционално и правно решение за проблемот што, според нив, засега илјадници семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

apsenje

Финансиска истрага на 16 локации: 20 осомничени за штета од 4,8 милиони евра врз буџетот

Македонија | пред 6 часа

media-library1t41dhskauv96tipxic

Акција за организиран криминал и корупција: приведени вработени во УЈП и бизнисмени

Скопје | пред 21 час

media-librarynonj0rjvaef72bfwkCx

Претреси на повеќе локации низ државата и во УЈП, истрага за перење пари и даночни измами од големи размери

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања