Промени тема
Контакт

УЈП потсетува: Пријавете го доходот од странство, без разлика дали данокот е платен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
elena-ujp

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.

Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа во странство, се должни преку системот е-Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство. Обврската постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен.

— реклама —

Даночните обврзници имаат должност да го пријават остварениот доход и заедно со пресметката да достават соодветни докази – потврда од исплатувачот, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи, потврди за исплатен доход и други релевантни документи со кои се потврдува видот, износот и периодот на приходот, како и евентуално платениот данок во странство.

Пресметката за доходите остварени во текот на 2025 година треба да се поднесе најдоцна до 31 март 2026 година.

— реклама —

Од Управата информираат дека во рамки на редовната меѓународна даночна соработка и размена на информации се поднесени 203 барања до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании остварувале доход од работа во Авганистан и Ирак.

— реклама —

Овие активности, како што наведуваат од УЈП, се дел од механизмите за проверка на веродостојноста на податоците и обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем. Навременото исполнување на обврските овозможува правилно утврдување на даночната обврска и избегнување дополнителни постапки и санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Над 221 милион евра даночен долг кон државата – три скопски фирми на врвот на листата на УЈП

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybcofi2gtj6gh0XUflvd

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките

Македонија | пред 1 месец

ujp

УЈП ги повика издавачите на сместување навреме да ги пријават приходите

Македонија | пред 1 месец

ujp

Над 35.000 незавршени регистрации во е-Даночни услуги, УЈП ги повика граѓаните да ја комплетираат регистрацијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања