Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

УЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни СМС-пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarybmmdch82j7db1xLBHHk
AI generated

Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека денеска до граѓаните пристигнуваат лажни СМС-пораки испратени во име на институцијата, преку кои се прави обид за измама и можна злоупотреба на лични и финансиски податоци.

— реклама —

Во пораките, кои содржат линк, се наведува: „Потсетник на УЈП: Статусот на вашата сметка за социјално осигурување е абнормален. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“.

Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци доколку ја добијат ваквата порака.

— реклама —

Информациите поврзани со УЈП граѓаните треба да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата, односно официјалната веб-страница, е-услугите и објавените контакт-адреси и телефонски броеви.

— реклама —

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на е-пошта info@ujp.gov.mk, Инфо-центарот 0800 33 000 и телефонскиот број 02 3253 200.

Од УЈП повторно апелираат граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни СМС-пораки и да не споделуваат лични или податоци поврзани со нивните банкарски сметки.

Граѓаните се повикуваат предупредувањето да го споделат со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 6 дена

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања