Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

УКИМ додели средства за потребите на ФМУ: Унапредувањето на условите за едукација на музичките уметници е од клучно значење за негување на културното наследство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Музичката култура е од исклучителна важност за секоја нација, бидејќи преку неа се негуваат и промовираат традициите и вредностите кои ја градат културната иднина на земјата и токму затоа средствата кои ги доделивме на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), имаат за цел да ги унапредат условите за едукација на идните музички уметници, со што ќе се обезбеди континуитет во во развојот на музичката култура и зачувување на националното културно наследство, потенцираа од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), осврнувајќи се на издвоените средства за потребите на ФМУ, во висина од висина од 3,384,000 денари.

— реклама —

„Музичките уметници играат круцијална улога во културниот и општествениот живот на државата. Тие не промовираат и со своето творештво и професионализам придонесуваат за афирмација на македонската култура на светската сцена. ФМУ е местото каде што се создаваат идните професионалци кои со своите таленти и знаења ќе ја претставуваат нашата држава во најубаво светло“, нагласи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, посочувајќи дека целта на издвоените средства е да се обезбедат врвни услови за образување на талентите и создавање на нови можности за нивно усовршување.

— реклама —

Со дел од средствата, УКИМ ја поддржа обновата на концертната сала на ФМУ, каде што студентите можат да се изразуваат и да ги покажат своите таленти пред јавноста, како и да се стекнат со сценско искуство, кое е од исклучително значење за нивниот кариерен развој. Освен тоа, обезбедена е и посебна просторија за рекреација и релаксација и уреден е просторот за физички активности, што е од огромно значење за академското и творечко искуство на студентите.

— реклама —

Сакаме нашите студенти засекогаш да ги паметат студентските денови, да се стекнат со врвно знаење и да имаат одлични услови за надградување на вештините. Затоа сме многу благодарни што УКИМ, со издвоените средства за нас, ни овозможи покрај реновирањето и уредувањето, да набавиме и удирачки инструменти и пијано столови, како и да одржиме концерт и фестивал, со што им отворивме нови можности на студентите“, нагласи деканката на ФМУ проф. д-р Дарија Андоновска.

— реклама —

Активностите, кои се реализирани со поддршка на УКИМ, имаат за цел да создадат квалитетен простор за студентите, каде ќе можат да го достигнат својот полн потенцијал и да ги совладаат сите аспекти на музичката уметност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

C7FA5110-76AE-4D35-BEB6-E9A8DBE1AF80_w800_h450

Проф. д-р Владо Бучковски на чело на Универзитетскиот сенат на УКИМ

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Колапс на високото образование: УКИМ го нема меѓу 2.000-те најдобри универзитети во светот

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi0mou0fh9v9p1sj49AZ

УКИМ одбележа 77 години од основањето и патрониот празник

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Јаневска најави нов скандал: „Следува уште покрупна неправилност што ќе ја шокира јавноста“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања