Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украина ја погоди нафтената станица во Русија, прекината испораката кон Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
nafta-pristaniste

Украинската армија потврди дека извршила напад врз станица за пумпање нафта во Тамбовската област во Русија, со што привремено е прекината работата на нафтоводот „Дружба“.

— реклама —

Веста доаѓа откако Министерството за надворешни работи на Унгарија претходно ја обвини Украина за саботажа, наведувајќи дека поради ударот е запрен дотокот на руска нафта кон земјата.

— реклама —

„Овој најнов удар врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив“, изјави шефот на унгарската дипломатија на социјалната мрежа X.

— реклама —

На обвинувањата реагираше украинскиот министер за надворешни работи, кој истакна дека „Русија, а не Украина, е таа што го започна војната и одбива да ја заврши“. Тој додаде дека Унгарија „веќе со години била предупредувана“ дека Москва не е сигурен партнер во енергетската сфера.

— реклама —

Нападот дополнително ги усложнува односите меѓу Киев и Будимпешта, која иако е членка на Европската унија, често зазема ставови поблиски до Москва отколку до своите западни сојузници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 8 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 21 час

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања