Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украина тврди дека погодила два руски танкери и системи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarytqi3d5nt578deLl7Z8X

Украинските сили погодиле два танкери од, како што ја нарекуваат, руската „флота во сенка“ во Азовското Море, како и два лансери на противвоздушниот систем С-400 и радарски систем на Крим, тврди командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди.

Бровди, познат по прекарот „Маѓар“, на Телеграм објави дека секој од танкерите превезувал околу 7.000 тони гориво од руското пристаниште Таганрог кон Крим.

— реклама —

Според неговите наводи, украинските сили во текот на ноќта меѓу 5 и 6 јули извеле напади врз вкупно 47, како што наведе, „легитимни воени цели“ во заднината на руските сили и на територијата на Русија.

— реклама —

Тој тврди дека бил погоден и склад за гориво во Керч, на Крим, каде што избувнал пожар, оценувајќи дека нападот е дел од поширока кампања насочена кон руската логистичка инфраструктура што ги поддржува воените операции на полуостровот.

— реклама —

Бровди, исто така, наведува дека за време на руските ракетни напади врз Украина биле уништени два лансери на противвоздушниот систем С-400 „Триумф“ – едниот во Брјанската област во Русија, а другиот на Крим. Според неговите тврдења, уништен е и радарскиот систем „Небо-У“ на Крим.

Украинскиот командант оцени дека ноќната операција е дел од континуираните напори на Украина за слабеење на руската воена логистика и противвоздушна одбрана.

— реклама —

Тврдењата на украинската страна засега не се независно потврдени, а руските власти сè уште не се изјасниле за наводите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 4 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 13 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања