Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украински дрон погоди нуклеарна централа во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryo6ron4utfflg0FlWUjD

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изрази сериозна загриженост откако руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ соопшти дека украински дрон погодил објект во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

— реклама —

Од МААЕ информираа дека за инцидентот биле известени од раководството на централата, која се наоѓа под руска контрола.

Генералниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, предупреди дека ваквите инциденти претставуваат закана за основните принципи на нуклеарната безбедност за време на вооружени конфликти.

— реклама —

„Напаѓањето на нуклеарни постројки е како играње со оган“, порача Гроси.

— реклама —

Според МААЕ, станува збор за прв напад со дрон во рамките на периметарот на централата од април 2024 година. Агенцијата побарала пристап до погодената турбинска зграда за да може нејзините експерти директно да ја проценат штетата и околностите под кои се случил инцидентот.

Од агенцијата додаваат дека засега нема информации за повредени лица, ниту пак е пријавена штета на нуклеарните системи на електраната.

— реклама —

МААЕ најави дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако нејзиниот тим ќе изврши увид на терен и ќе ги утврди сите детали поврзани со инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 5 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 14 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања