Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украински дронови ја погодија нафтената инфраструктура кај Санкт Петербург

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarye1lpsv50scj52TIn6Xy

Украински дронови во текот на ноќта извршија голем напад врз Санкт Петербург и околната Ленинградска област, при што биле погодени нафтен терминал и пристанишна инфраструктура, соопштија руските власти.

— реклама —

Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, изјави дека градот бил цел на масовен напад со беспилотни летала и дека бил погоден градскиот нафтен терминал. Според него, нема загинати или повредени, а последиците од нападот веќе се санирани.

— реклама —

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека дронови го погодиле и пристаништето Висоцк, кое се наоѓа на околу 170 километри северозападно од Санкт Петербург, на брегот на Финскиот Залив. Пристаништето се користи за претовар на нафта, жито, јаглен и течен природен гас.

Според Дрозденко, во текот на ноќта над Ленинградската област биле соборени 72 дрона.

— реклама —

Напади имало и во Псковската област, каде што, според локалните власти, биле пресретнати повеќе од 30 беспилотни летала. Пријавена е помала материјална штета, како и неколку повредени лица, меѓу кои и работници во фабрика во градот Велики Луки.

— реклама —

Украина во текот на годинава ги интензивира нападите врз руската енергетска инфраструктура, додека Санкт Петербург, кој се наоѓа на околу 900 километри од територијата под украинска контрола, повремено е цел на напади со дронови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 4 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 13 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања