Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украинските напади го принудија Кремљ на неочекуван потег – Русија ќе увезува гориво од Јапонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија, која се соочува со недостиг на гориво по серијата украински напади врз енергетската инфраструктура, се подготвува да увезе најмалку 200.000 барели авионско гориво од Јапонија преку трговски посредници, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информирани извори.

— реклама —

Според информациите, пратката треба да биде натоварена во јапонското пристаниште Чиба во првата половина на јули, по што ќе биде транспортирана до Јужна Кореја. Таму, најверојатно во близина на пристаништето Јосу, горивото ќе биде префрлено на друг танкер, кој потоа ќе отплови кон Русија. Засега не е познато кое ќе биде крајното одредиште на пратката.

— реклама —

Руското Министерство за енергетика, како и надлежните институции во Јапонија и Јужна Кореја, сè уште не се огласиле по повод овие информации.

Недостигот на гориво во Русија е последица на зачестените украински напади со беспилотни летала врз рафинерии и складишта за гориво. Поради тоа, во повеќе руски региони се воведени ограничувања за продажба на гориво, а земјоделците предупредуваат дека состојбата може да ја загрози жетвата.

— реклама —

Податоците на компанијата „Кплер“ покажуваат дека последен пат Русија увезла авионско гориво во февруари 2022 година, кога од Јужна Кореја биле испорачани околу 22.000 барели.

— реклама —

Во меѓувреме, рускиот извоз на авионско гориво годинава е намален на околу 13.000 барели дневно, што е повеќе од двојно помалку во споредба со минатата година, кога изнесувал околу 30.000 барели дневно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 4 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 13 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања