Промени тема
Контакт

Украл 340 милиони долари во биткоини, па вратил поголем дел од парите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Свет
media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE
AI

Хакер украл речиси 4.000 биткоини, вредни околу 340 милиони долари, во еден од најголемите познати напади врз криптовалути годинава, но потоа направил нешто што ретко се гледа во вакви случаи – вратил најголем дел од украдените средства.

Станува збор за напад врз Liquid Network, мрежа што ја користат повеќе криптоберзи, а која во 2018 година ја покрена криптокомпанијата Blockstream. Од мрежата соопштиле дека таканаречен „white hat“ хакер ги повлекол средствата од нејзиниот паричник, по што работата на мрежата била прекината додека се решава случајот.

Идентитетот на хакерот не е познат. Според извештаите на криптомедиумите, тој ја искористил грешката во системот за да ги повлече средствата, а потоа порача дека ќе ги врати доколку Blockstream ја отстрани безбедносната слабост.

— реклама —

Поранешниот извршен директор на Blockstream, Самсон Моу, објави дека грешката била отстранета, по што околу 3.400 од приближно 4.000 украдени биткоини биле вратени.

— реклама —

Сепак, околу 600 биткоини, чија вредност е околу 47 милиони долари, сè уште се под контрола на хакерот.

Моу наведе дека мрежата ќе остане запрена додека не се спроведат дополнителни поправки и безбедносни подобрувања пред повторното активирање.

— реклама —

Кражбата се вбројува меѓу најголемите досега забележани кражби на дигитални средства, според листата на Rekt, која ги следи ваквите инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf05a74k43uhadLsY9Cx

Голем удар во криптосветот: Исчезнаа 1.300 биткоини поради четиригодишен софтверски пропуст

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-librarym6s1gv2rlebpede3700

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Свет | пред 2 месеци

kriptovaluti1-696x464-1

Криптогигантот Binance под закана да ја изгуби дозволата за работа во Европа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Голема афера ја тресе најголемата криптоберза: Иран преку Binance префрлал милијарди долари и покрај санкциите

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања